Варварска свадба

Издавач: КСЦ/Полица | Јазик: Македонски | Година: 2016
Оригинален наслов: Les noces barbares | Бр. на страни: 290 | Димензии: 21 | Корица: мека

Сè започнува во едно село на брегот од океанот, непосредно по последната војна со „варварското“ силување на 13 годишната Никол, која кутрата верува дека доживува голема љубов со американскиот војник. Од тој „варварски“ чин се раѓа Лудо, несаканото дете кое цел живот ќе го носи печатот на „срамот“ на семејството и ќе ја потсеќава мајка си на мачната пијана ноќ со тројцата Американци. Мајка му го мрази, а нејзиното примитивно малограѓанско семејство кое, над сè, држи до својата „чесност“ и до добриот глас, го малтретира детето и го држи на таван со надеж дека набргу тоа ќе умре...

Израснат во тотална „варварска“ изолација, окружен со ладнокрвна рамнодушност, тој не е луд туку излуден од осаменост, од љубов особено кон својата мајка. Меѓутоа, мајката, и самата трагична личност, опседната од сопствените трауми, нема никакво разбирање за чувствата на својот син.

Лудо ќе избега од домот. Мајката и синот се наоѓаат. Се исповедаат еден на друг. За прв пат Лудо ќе и каже „мамо“. Но таа чудесна хармонија ќе потрае само еден миг, очите на мајка му лачат студенило, таа сака само да го врати кај „улавите“...

Цена: 300 ден

9 на залиха

Спореди
Продавач КСЦ/ПОЛИЦА

Report an abuse for product Варварска свадба

Категорија:
ИСБН: 978-608-4780-50-2

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Варварска свадба”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in