Век со Конески, мигови со Блаже

Издавач: Бегемот | Јазик: Македонски | Година: 2022
Оригинален наслов: Век со Конески, мигови со Блаже | Бр. на страни: 305 | Димензии: 190x120 | Корица: /
Извадок:

Збирката есеи Век со Конески, мигови со Блаже од Владимир Мартиновски е значаен влог во компаративното проучување и толкување на поезијата на Блаже Конески. Водејќи грижа и за теориските ставови на Конески, изнесени во неговите есеи, авторот Мартиновски врз анализата на поетскиот опус на доајенот на современата македонска поезија ги применил трите основни модели на компаратистичките истражувања, зацртани од еминентниот компаратист Зоран Константиновиќ: генетско-контактните врски; типолошките аналогии и интердисциплинарните поврзувања. Во првиот дел од книгата, насловен „Век со Конески“, неговата поезија ja чита низ споредбени визури, укажувајќи на врските со делата на голем број писатели и уметници од различни епохи и книжевни традиции: од Хомер, Овидиј и Кавафис до Шимборска, Бродски и Павловиќ; од Данте, Сервантес и Шекспир до Рацин, Шопов и Ренџов; од Његош, Андриќ и Скацел до Ѓузел, Ќулавкова и Дурацовски; од Болер, Пикасо и Сенгор до Мартиноски, Личеноски и Георгиевски. Во вториот дел, именуван „Мигови со Блаже“, преку серија микроесеи и куси записи, Мартиновски фрла новa светлина врз значајни аспекти на поезијата на Конески.

Цена: 500 ден

20 на залиха

Спореди
Продавач Бегемот

Report an abuse for product Век со Конески, мигови со Блаже

Категорија:
ИСБН: 978-608-4869-74-0

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Век со Конески, мигови со Блаже”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in