Велиново

Издавач: Топер | Јазик: Македонски | Година: 2021
Оригинален наслов: Велиново | Бр. на страни: 430 | Димензии: 21см | Корица: тврда

Во залезот на папсаниот социјализам, кој едвај поземаше душа и на кого сѐ повеќе и повеќе, секојдневно му гаснеа дамарите, општинските органи на Град, подржани од републичките во Скопје, тргнаа во поход по водата на Велиново. Со асистенција на вооружената милиција, со електрични пендреци, паќвеа и спржуваа сѐ пред себе. Жени, деца, старци. Сето тоа за нив беше легитимна цел. Во името на тушојната, која се ширеше од гнилежот на комунизмот, се правеше обид, да се протне водата до елитната населба Рамен Камен, покрај Градското езеро.

За сонот на едно дете, израснат во маж. За неговото копање по мечтите и соништата, за да го открие почивалиштето на својот татко печалбар, кој рано умрел во Германија. Потрага по неговиот гроб и коските и за исконската иктиза, истите да се истажат за последен пат од велинските извори и достоинствено да се запретаат како на секој покојник. За Јанко и неговата рустикална љубов со Сирма. За лицемерието, ароганцијата и себеоткровението на општинските и републички функционери, Мина Шопоска, Младен Ѓорчески, Јово Лазески, Јаким Пренески и останатите. За нивните полтрони, подлизурковци, кодоши и себељупци, Бошко Дагов, Боре Монески, Ване Корински. За велинчаните и нивните табиети. За велинските извори, кои и покрај сѐ, неуморно замавнуваат по карпите и се пенат.

Лајт мотивот во овој роман е Вевчанскиот случај, од 1987 година. Настаните и личностите во него се преувеличани, извитоперени и искарикирани.

Но сепак, сето ова е вистина.

Цена: 499 ден

5 на залиха

Спореди
Продавач Топер

Report an abuse for product Велиново

Категорија:
ИСБН: 978-608-208-699-6

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Велиново”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in