Виенски гамбит (II издание)

Издавач: Антолог | Јазик: Македонски | Година: 2021
Оригинален наслов: / | Бр. на страни: 336 | Димензии: 13×20 | Корица: /

ВТОРО ИЗДАНИЕ НА СУПЕР ПОПУЛАРНИОТ РОМАН НА АНДЕ ЈАНКОВ! Виктор Николов е 33-годишен инспектор на Одделението за крвни деликти од Скопје. За време на својот летен одмор, заминува за Виена во посета кај својот помлад брат Даниел, пропаднат писател што одвај преживува работејќи како бармен во еден елитен ноќен клуб. Додека ја истражува неодоливата Виена, Виктор ја запознава Карен Фишер, Австријката со која истата вечер завршува во кревет. Но прекрасната ноќ се претвора во кошмарно утро. Девојката на Даниел е пронајдена мртва, а тој нема алиби. На површина излегуваат неодамнешните расправии меѓу нив и ситуацијата се заплеткува во неочекуван правец. Може ли да му се верува на сопствениот брат, кој тврди дека е невин? И како да се повлече граница помеѓу кога главниот истражител што го гони твојот брат е жената со која си спиел пред неколку вечери? Интригантен, тензичен и непредвидлив роман, кој ве држи во недоумица до последната страница.

Цена: 400 ден

10 на залиха

Спореди
Продавач Антолог

Report an abuse for product Виенски гамбит (II издание)

Категорија:
ИСБН: 978-608-243-452-0

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Виенски гамбит (II издание)”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in