Виконтот кој ме сакаше

Издавач: Сакам Книги | Јазик: Македонски | Година: 2021
Оригинален наслов: The Viscount who loved me | Бр. на страни: / | Димензии: 21 | Корица: /

1814 ветува дека ќе биде уште една сезона богата со важни настани и свршувачки, но не и за Антони Бриџертон, најпосакуваниот ерген во Лондон, кој не покажува никакви знаци дека планира да се жени. А и зошто би се женел? Кога станува збор за живеење сладок развратнички живот, никој не го прави тоа подобро од Антони… ДРУШТВЕНИОТ ВЕСНИК НА ЛЕДИ ВИСЛДАУН Но овој пат, познатата озборувачка/колумнистка, Леди Вислдаун, не е во право. Антони Бриџертон не само што има одлучено да се ожени, туку веќе има одбрано и сопруга! Единствената пречка му е постарата сестра на неговата избрана идна жена, Кејт Шефилд – најголемата „запршка“ која некогаш шетала по улиците на Лондон. Безобразната девојка го излудува Антони со својата решителност да ја спречи свршувачката, но кога ги затвора очите ноќе, Кејт е жената која го прогонува во соништата, кои од ден во ден стануваат сѐ поеротски… За разлика од сите други, Кејт е убедена дека поранешните развратници НЕ стануваат најдобри сопрузи – а Антони Бриџертон е најразвратниот од сите. Кејт е решена да ја заштити својата сестра, но се плаши дека нејзиното сопствено срце е ранливо. А кога усните на Антони одеднаш ги допираат нејзините, почнува да стравува дека можеби ни самата нема да биде способна да му одолее на развратникот…

Цена: 450 ден

4 на залиха

Спореди
Продавач Сакам Книги

Report an abuse for product Виконтот кој ме сакаше

Категории: , ,
ИСБН: 978-608-260-133-5

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Виконтот кој ме сакаше”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in