Вишнов ликер

Издавач: Магор | Јазик: Македонски | Година: 2019
Оригинален наслов: Вишнов ликер | Бр. на страни: 464 | Димензии: 20 | Корица: мека

Зар секое пишување/читање/толкување не е патување, авантура, пловидба или прошетка низ лавиринтските патеки на нарацијата, во времето и просторот?! Веројатно, само превозното средство се разликува! Раскажувачот Влада Урошевиќ ги одбира пајтонот „во зимските ноќи, кога провејува снег“ („Претпразнична вечер“) и воздушното летало дирижабл („Дирижабл над поле со пченки“), обете поврзани со детството како негова опсесивна тема: пајтонот упатува на „ноќниот пајтон“ кој ги носеше детето-наратор и неговата роднина Емилија во чудесни градски авантури, а дирижаблот, според авторовото сведоштво, се врзува за цртежите видени во омилените книги во периодот на детството. Пајтонот се движи по земја, дирижаблот – плови по небото. Идеална комбинација, зар не?! Урошевиќ е искусен пајтонџија кој познава „некаков таен план на градот“ и вешт управувач со дирижаблот по ѕвездените патеки на нарацијата. На оние што патуваат со него, меѓу сонот и јавето, им нуди „вишнов ликер“ на дар. Лидија Капушевска-Дракулевска

Цена: 550 ден

2 на залиха

Спореди
Продавач Магор

Report an abuse for product Вишнов ликер

Категории: ,
ИСБН: 978-608-223-629-2

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Вишнов ликер”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in