Внатрешни планини

Издавач: Кликер Книги | Јазик: македонски | Година: 2016
Оригинален наслов: Внатрешни планини - Владимир Мартиновски | Бр. на страни: 144 | Димензии: 12 х 22 cm | Корица: /

...Не може да се остане ладен, мирен, глув и слеп пред поезија која втренчено гледа, грее, игра, пее, свири и црта пред (или на!) нашите сетила и плус, при сето тоа, уште и чека нешто од нас, потпрена на нашите невидливи желби како на видливо, бетонско ѕитче. Ова е учена поезија облечена во совршено скроен костум на обичност и лесноразбирливост; мудра, шеќерна поезија со здрава, безопасна блажина; врвна поетска мајсторија седната на маса со најобични нешта со кои со пенливи стихови наздравува за суштината и смислата на сè. Таа ја укинува оддалеченоста на ученоста од неукоста, на сложеноста од едноставноста, на вештината од спонтаноста. Мартиновски е концептуален уметник од најредок, речиси искоренет, или барем заборавен вид во нашето сурово, безмемориско секојдневие...

(од рецензијата на Оливера Ќорвезироска)

Цена: 200 ден

10 на залиха

Спореди
Продавач Кликер

Report an abuse for product Внатрешни планини

Категорија:
ИСБН: 978-608-4604-08-2

Questions and Answers

You are not logged in