Преглед на кошничка “Авијатичарот” e додадена во Вашата кошничката

Во туѓа земја

Издавач: Антолог | Јазик: Македонски | Година: 2021
Оригинален наслов: Le pays des autres | Бр. на страни: 288 | Димензии: 13×20 | Корица: /

По меѓународниот успех на „Совршената дадилка“, Лејла Слимани раскажува страсна романса меѓу мароканскиот војник Амин, кој се борел на страната на Франција во Втората светска војна, и Французинката Матилда. По завршувањето на војната, младиот пар се сели во Мекнес, Мароко. Брак, преселба, прво дете, второ дете… Илузиите наскоро се судираат со стварноста. Додека Амин ја обработува карпестата почва, Матилда се задушува од суровата клима – омразена од француските доселеници бидејќи се омажила за Мароканец и отфрлена од Мароканците бидејќи не е една од нивните. Амин, пак, иако ја сака својата сопруга, понекогаш се прашува зошто одбрал толку непокорна жена. Тие, но и сите ликови од романот, како да живеат „во туѓа земја“. Десетте години низ кои се протегнува дејството се годините на напнатост и насилства, кои водат до независност на Мароко во 1956 година. Сите ликови во романот живеат во земјата на другите – доселеници, домородци, селани, бегалци, а особено жените, кои постојано мора да се борат за својата еманципација. Во оваа голема фреска, прв дел од трилогија во која секој том опфаќа период од 10 години, Слимани оживува една не многу далечна епоха и нејзините актери, со изразена хуманост, точност и префинета смисла за нарација.

Цена: 350 ден

8 на залиха

Спореди
Продавач Антолог

Report an abuse for product Во туѓа земја

Категорија:
ИСБН: 978-608-243-475-9

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Во туѓа земја”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in