Враќање во живот

Издавач: Матица Mакедонска | Јазик: Македонски | Година: 2019
Оригинален наслов: Povratak u život | Бр. на страни: 142 | Димензии: 21 | Корица: мека

Како изгледа утрото по судбоносниот пресврт и колку темна умее да биде ноќта? Што да се прави кога се чини дека се е загубено и ништо ве ќе нема да биде како порано? И како да се пронајде мотив за градење нова среќа сред најтешката неволја? Во романот Враќање во живот на Зорана Шулц, читателот ќе пронајде одговори на овие и многу други животни прашања. И ќе добие крилја да го сака сопствениот живот, и во добро и во зло. Зошто, се што ќе се случи, дадено ни е да не направи подобри и поблагодарни за убавината на животот кој вреди да се живее со полни гради и до крај. Најтешката битка се добива кога човек ќе реши да не се предава, порачува авторката. Впечатливо, ден по ден, ја опишува соголено, силно, поттикнувачки. Иако ноќта е најмрачна пред осамнување, на оној кој доживеал животот да му се парчоса, тоа најчесто не му е утеха. Но, Зорана Шулц, решила да го потсети секој кој се наоѓа на работ да се предаде дека - не постои нешто што не може да се преживее. И можно е да се вратиме поцврсти отколку пред тоа. Само ако човек собере сили да стане. „Љубовта и животот се најголемиот подарок. Кога ќе ги добиеш, тогаш љуби и живеј без граници.“ „Најлошиот избор што можеш да го направиш, е да не направиш никаков избор.“ „Се во животот се случува со причина и има своја цел, а ние треба да откриеме која е таа цел.“ „Илузиите немаат мани. И сите очекувања водат во разочарување.“

Цена: 426 ден

10 на залиха

Спореди
Продавач Матица

Report an abuse for product Враќање во живот

Категории: ,
ИСБН: 978-608-10-0727-5

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Враќање во живот”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in