Преглед на кошничка “Мисли за животот и свесноста” e додадена во Вашата кошничката

За самиот себе

Издавач: Издавачки центар ТРИ | Јазик: Македонски | Година: 2005
Оригинален наслов: To himself | Бр. на страни: 182 | Димензии: 0 | Корица: /

Создавајќи од филозофијата на стоицизмот своја лична филозофија, филозофија за самиот себе, Аурелиј ги допира најсуштинските прашања на човековото постоење во светот. Врз кои темели да се изгради сопствениот живот, да се живее за себе и да се живее со другите, кој е императивот кој е движечкиот импулс на битисувањето? Текстот го наоѓа своето безвремено постоење затоа што е совршено актуелен, затоа што изнесените дилеми не познаваат антички времиња и современи општества. Човекот сеуште настојува да создаде посовршен свет, свет во кој страдањето, болката и неправдата ќе им го отстапат местото на радостите на животот.Рецептот кој ни е понуден изгледа отприлика вака: човекот треба да се стреми кон самоусовршување; на тоа треба да се додаде фактот дека човековата судбина е детерминирана, што не треба да биде пречка стоички да се издржат сите болки и страдања; единствена грижа треба да ни биде да живееме во согласност со разумот и обидот да се намалат страстите на телото. Треба да се додадат и алтруизмот и космополитизмот, како врвни принципи на човекото делување во светот. А смртта, таа е само уште една неизбежност, крајна етапа на животот кој само така го постигнува своето заокружување, ја добива својата смисла.

Цена: 300 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product За самиот себе

Категорија:
ИСБН: 9989-153-79-5

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “За самиот себе”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in