Загубениот симбол

Издавач: КУЛТУРА | Јазик: Македонски | Година: 2009
Оригинален наслов: / | Бр. на страни: 567 | Димензии: 0x0 | Корица: мека

ОНА ШТО Е ЗАГУБЕНО ЌЕ СЕ ОТКРИЕ... Вашингтон: Симболот од Харвард Роберт Лангдон е повикан во последен миг да одржи вечерно предавање во Капитол. По неколку мигови од неговото пристигнување, во самиот центар од Ротундата, се појавува еден вознемирувачки предмет, морничаво украсен со пет симболи. Тој веднаш сфаќа дека станува збор за античка покана, којашто го повикува нејзиниот примач кон еден одамна загубен свет на скриена езотерична мудрост. Кога Лангдон открива дека неговиот почитуван ментор, Питер Соломон филантроп и истакнат масон, брутално е киднапиран, Лангдон сфаќа дека единствената надеж да го спаси животот на неговиот пријател е да ја прифати оваа мистериозна покана и да ја следи без оглед каде таа ќе го одведе. Лангдон многу брзо се наоѓа себеси затворен зад бедемите од најмоќниот град во Америка, во непознатите соби, храмови и тунели кои постојат таму. Сето она што претходно му било познато се трансформира во нејасен, прикриен свет на умешно скриено минато во кој се чини дека масонските тајни и претходно непознатите откритија го водат до невозможна и незамислива вистина. Како совршено изработена таписерија од прикриени истории, мистериозни знаци и загадочни кодови, ЗАГУБЕНИОТ СИМБОЛ претставува интелигентен, молскавичен трилер кој нуди изненадувања на секој агол. Бидејќи, како што ќе открие Роберт Лангдон, не постои ништо почудно или пошокантно од тајната којашто се крие пред очи...
Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(7 оценки на корисници)

Цена: 350 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Култура

Report an abuse for product Загубениот симбол

Категорија:
ИСБН: 978-9989-32-634-9

7 оценки за Загубениот симбол

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

  2. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

  3. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

  4. Rated 5 out of 5

    Ивана Мисовска (верификуван корисник)

  5. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

  6. Rated 5 out of 5

    Слаѓан Бишковски (верификуван корисник)

  7. Rated 5 out of 5

    Слаѓан Бишковски (верификуван корисник)

    Predobra kniga Den Braun e nezamenliv

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in