Преглед на кошничка “Сестра смрт” e додадена во Вашата кошничката

Заклучи ги сите врати

Издавач: Антолог | Јазик: Македонски | Година: 2020
Оригинален наслов: Lock Every Door | Бр. на страни: 368 | Димензии: 13х20 | Корица: мека

Во „Бартоломеј“ ништо не е како што изгледа. Влегувате на сопствен ризик. По низата несреќи што ги доживува, без пари и без живеалиште, младата Џулс Ларсен добива шанса да работи како станар чувар на еден од апартманите во „Бартоломеј“, една од најгламурозните згради во Њујорк. Таму не се дозволени гости. Не е дозволено зборување со богатите или славните станари. И тоа се само некои од правилата што Џулс треба да ги следи. Маѓепсана од сјајот и раскошот на зградата, таа ги прифаќа и решава засекогаш да го остави своето тажно минато зад себе. Се спријателува со Ингрид, пргава сосетка, која неизмерно ја потсетува на нејзината исчезната сестра. Кога Ингрид ѝ се доверува дека „Бартоломеј“ има и друга, морничава страна, Џулс го припишува тоа на нејзината драматичност… сè додека Ингрид не исчезне. Сакајќи да ја разреши мистеријата, Џулс навлегува сè подлабоко во злогласното минато на „Бартоломеј“ и во тајните вткаени во неговите ѕидови. Спој на хорор-елементи и напната неизвесност со модерен заплет. Мајсторски составена тензија доволно вредна да биде во истото друштво на хорор-класиците што биле нејзина инспирација. Со изненадувачки пресврт на крајот, ова хорор ремек-дело опседнува, плаши и во исто време забавува.

Цена: 400 ден

4 на залиха

Спореди
Продавач Антолог

Report an abuse for product Заклучи ги сите врати

Категорија:
ИСБН: 978-608-243-390-5

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Заклучи ги сите врати”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in