Затворено преку зима

Издавач: Бегемот | Јазик: Македонски | Година: 2014
Оригинален наслов: / | Бр. на страни: 308 | Димензии: 195x125 | Корица: мека

Писателот којшто во Норвешка се здоби со епитетот „новиот Ју Несбе“, автор на неколку бестселери коишто оставија длабока трага во норвешкиот криминалистички литературен жанр,Јорн Л. Хорст, за првпат на македонски јазик.

Есенска магла како килим го покрива пејзажот и викендичките со поглед кон оловното море. Уве Бакеруд има намера да го помине последниот, скопоен викенд во летната викендичка пред зимскиот период. Но, кога пристигнува, го наоѓа местото во хаос, руинирано од провала. А во соседната викендичка: човек кој бил истепан до смрт.

Главниот инспектор, Вилијам Вистинг, има видено претходно голем број ужасни убиства. Но, очајот на сведоците во Ставерн оваа есен, за него е нешто ново. Навидум обична жртва за време на кражба, сепак истрагата покажува дека случајот е многу покомплициран од првичните претпоставки. Полицијата доаѓа до сознанија дека дошло до судир помеѓу две криминални банди, но остануваат голем број нерешени мистерии. Непријатностите не се намалуваат, кога откриваат уште неколку тела на пустиот архипелаг. Во меѓувреме, мртви птици паѓаат од небото....

Романот Затворено преку зима ја доби Наградата од норвешките книжари во 2011 година и досега се продадени над 100 000 примероци.

Цена: 420 ден 315 ден

16 на залиха

Спореди
Продавач Бегемот

Report an abuse for product Затворено преку зима

Категорија:
ИСБН: 978-608-4718-17-8

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Затворено преку зима”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in