Жаби
Автор:
Аристофан
Издавач:
ТАБЕРНАКУЛ |
Јазик:
Македонски |
Година:
2000
Оригинален наслов:
/ |
Бр. на страни:
248 |
Димензии:
200mm x 140mm
|
Корица:
/
Жаби е парадигма за аристофанска комедија, што подразбира автентично и автономно (значи различно од други и останати комедиографски облици во антиката) творечко сложување на поетичките елементи, нивно умножување и первертирање. Во екстензионирањето на творечките сретства Аристофан оди дотаму што го проширува и самиот поетички облик, комедијата станува и поетичка расправа. Полето на литературата е „светиот“ простор во кој се посветува удвоениот поет творец и поет теоретичар. Оваа комедија не е само уметнички артефакт кој со својата поетичка вредност си обезбедува достојно место во канонот на незаобиколните книжевни вредности на светската култура, туку и своевидна теорија која партиципира во корпусот на т.н. поетики на поетите, не помалку релевантни во истражувањето на античката теорија на литературата.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.