Жената во Куранот

Издавач: Издавачки центар ТРИ | Јазик: Македонски | Година: 2022
Оригинален наслов: Žena u Kur’anu | Бр. на страни: 204 | Димензии: 21 | Корица: мека

Еве една значајна, повеќе од добредодена, за сите потребна книга која ги отвара видиците и придонесува за разбирање и надминување на предрасудите за статусот на жената во исламот и воопшто во светот.

Книга инспирирана од искрен хуманизам, наменета не само за приврзаницате на исламот, ниту пак само за жените, или само за мажите. Непосредно, со дијалог и јасна аргументација, авторот Бенјамин Идриз покажува дека мажот нема право да ги поддржува своите неоправдани очекувања, а жената има право да се чувствува еднакво значајно.

Овој извонреден толкувач на Куранот заслужува да биде сослушан. Изложувајќи ги учењето и залагањата на Пророкот, тој ги разрешува прашањата за жените во исламот со истражување на негативните слики за нив во исламската традиција, не од академска дистанца туку низ секојдневни разговори и излагања. Зашто за Идриз и двата пола се рамноправни во духовна и морална смисла, пред Бога и пред правдата се третираат исто.

Ова е книга што има моќ да ја менува историјата.

Цена: 280 ден

5 на залиха

Спореди
Продавач Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product Жената во Куранот

Категории: , ,
ИСБН: 978-608-230-843-2

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Жената во Куранот”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in