Женски декамерон

Издавач: Антолог | Јазик: Македонски | Година: 2018
Оригинален наслов: Женский декамерон | Бр. на страни: 404 | Димензии: / | Корица: мека

„Женски декамерон“ е книга за десет млади советски жени, кои ќе се најдат во исто породилиште во Ленинград, во период кога во таа установа е воведен карантин. Тие ќе мораат да поминат таму уште десет дена, нешто што, секако, воопшто не ги радува. Тогаш на едната од нив ѝ текнува да ја повтори приказната што прв ја раскажал фирентинскиот писател Бокачо; имено, за време на десетте дена да се забавуваат  раскажувајќи си приказни за животот, за мажите, за љубовта, за љубомората, за неверствата, за заведувањето, за фарсичниот секс, за парите, за среќата и за многу други нешта што ја возбудуваат секоја женска душа, вклучително и руската. Предлогот е едногласно прифатен и во тие десет дена жените раскажуваат сто приказни – по една приказна на ден од секоја од нив – во кои се насетува суровата реалност на едно општество распарчено од самоубиства, разводи и алкохолизам, сиромаштија, закани за ужасни затворски казни. Истовремено, од оваа книга зрачи страсна верба во духовната сила на руската жена, со која сочувствуваат читателите низ цел свет.

Цена: 400 ден

10 на залиха

Спореди

Report an abuse for product Женски декамерон

Категорија:
ИСБН: 978-608-243-313-4

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Женски декамерон”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *