Животните од Африка: Пиши-бриши вежбанка со маркер

Издавач: Либи | Јазик: Македонски | Година: 2021
Оригинален наслов: ЖИВОТНИТЕ ОД АФРИКА: Пиши-бриши вежбанка со маркер | Бр. на страни: 24 | Димензии: 30 | Корица: /

Лавот си ја бара својата круна, крокодилот го бара патот до брегот, а нежниот носорог си ги бара цвеќињата за да си направи букет... Помогни им да ги пронајдат! Со овие едноставни и забавни активности, подредени по тежина, вежбанката ќе им помогне на децата од предучилишна возраст да ја вежбаат раката, да се навикнат на приборот за пишување и да стекнат самодоверба во првите чекори во цртањето и пишувањето, преку: • Почетно пишување разни видови линии (прави, коси, заоблени, брановидни и цикцак); • Слободно пишување линии; • Развивање на фините моторни вештини на мускулите на рацете и прстите (графомоторни вештини); • Можност вежбата да се повтори повеќепати и детето да се коригира самостојно. Оваа вежбанка е реупотреблива. На нејзините страници може да се пишува со овој или со друг маркер за бела табла (пиши-бриши), а се брише со марамче, обична ткаенина или сунѓер. На тој начин децата можат да се навраќаат на активностите повторно и повторно, што им овозможува градење на самодовербата, но и долготрајна забава.

Цена: 250 ден

20 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Животните од Африка: Пиши-бриши вежбанка со маркер

Категории: ,
ИСБН: 978-608-267-244-1

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Животните од Африка: Пиши-бриши вежбанка со маркер”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in