Златни наштимувања

Издавач: Мартина | Јазик: македонски | Година: 2015
Оригинален наслов: Златни наштимувања | Бр. на страни: 174 | Димензии: 17 x 11,5 см | Корица: тврда

Мојот систем би бил нецелосен доколку би го опфатил само исцелувањето на човекот. Животот на секој од нас е многу комплексен! Секако, здравјето е основната компонента и без него човекот не може да пстигне ништо. Но физичкото здравје, само по себе, е недоволно. Дури и душевното здравје, она што го подразбираме под поимот хармонија, исто така, е недоволно. Неопходна е трета компонента – процутот.
    Што е тоа процут? Секако, прво нешто што ни паѓа напамет е материјалната благосостојба. Меѓутоа, парите не се цел.
    Многу луѓе се потчинуваат за пари. Мислат дека парите се Бог и дека тие владеат со нас. Таквите и слични погледи се погрешни. Еднаш кај мене дојде еден многу богат човек и ми се пожали дека нема мир. Го прашав: „Зошто заработувате пари? Затоа што тоа е мојот Пат“, одговори тој. „Парите не можат да бидат Пат“, му одговорив. „Пат може да биде само работата. Размислете: Зошто ви се потребни парите? Сериозно се замисли. Тој човек заработуваше пари само заради пари, им се поклонуваше, како на божество. Не си дозволуваше ниту една минута одмор затоа што секоја изгубена минута му изгледаше како изгубени пари. Не се насладуваше со цветната сакура, ниту шеташе по падините на планината Фуџи, иако лесно можеше да си овозможи дури и пат околу светот. Тој собираше пари. Но зарем ќе може да ги понесе со себе кога ќе го напушти овој свет?
    Процутот е нешто многу повеќе од пари. Прочутот, во конечна смисла, ги вклучува и физичкото и духовното здравје и успех. Тие три компоненти убаво се надополнуваат една со друга, создавајќи општа хармонија во човековиот живот.

Цена: 220 ден

Спореди
Продавач Мартина

Report an abuse for product Златни наштимувања

Категорија:
ИСБН: 978-608-4626-47-3

Questions and Answers

You are not logged in