Златното јаболко и други бајки

Издавач: ФЕНИКС | Јазик: Македонски | Година: 2013
Оригинален наслов: Златното јаболко и други бајки | Бр. на страни: 86 | Димензии: 21 см | Корица: /

Во книгата “Златното јаболко и други бајки” се објавени следните четири бајки “Волшебниот пат до златното јаболко”, “Писмо до чичко Лом - најголемиот светски сом”, “Од Никаде до Некаде и од Некаде до Никаде”, “Мајката Ѕвездалија и нејзинитедванаесет ѕвездички”.Во сите нив е присутна еколошката тема, преку која авторот проговорува за новиот современ, урбан и брз живот полн со предизвици и изненадувања.

Писателот е обземен од сегашното живеење во градот, но истовремено се навраќа и на случувањата и спомените од детството поминати во село.Во тој волшебен спој и круг, всушност, се одвиваат и течат неговите бајки каде главни јунаци се токму децата соочени и во дијалог со родителите, но и воопшто со светот на возрасните.Бајките учат и подучуваат што е добро а што лошо, да се разликува убавото од грдото и да се издвојува вистинското од лажното.

Но, бајките во оваа книга, колку и да се надреални и фантастични, тие како да се случуваат во стварноста, искрени се и доживеани, па дури би рекле и дека се единствени и неповторливи.Тие не се само авторски доживеалици, ниту се само поучни приказни - иако се пред сè тоа, туку се и опомени, водичи и патокази кон поубаво и посреќно утре...

Цена: 250 ден

10 на залиха

Спореди
Продавач ФЕНИКС

Report an abuse for product Златното јаболко и други бајки

Категории: ,
ИСБН: 978-9989-33-631-7

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Златното јаболко и други бајки”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in