Зоненшајн

Publisher: БАТА ПРЕСС | Language: Македонски | Year: 2017
Original title: / | Num. of pages: 446 | Dimensions: 13х20.5 | Cover: мека

Хаја е италијанска Еврејка која се заљубила во германски офицер. Една година подоцна добиваат син. Шеесет и две години мајката го бара и го чека својот син Антонио (Ханс) откако нацистите од Горица, во близина на Трст, на границата меѓу Југославија и Италија, ѝ го грабнале уште како бебе во количка. При потрагата по својот син Хаја доаѓа до страшни документи, фотографии и сознанија за однесувањето на фашистите и нацистите, но и за нивните извршители од Украина, Словенија, Хрватска, Полска...
Зоненшајн е величествен роман за една голема, болна и премолчена тема на Втората светска војна, за деца оттргнати од своите родители и одгледувани за да станат ариевци. Низ судбината на една еврејска фамилија се разоткриваат заблуди, лични неуспеси и трагедии, кои зрачеле од најмрачните чудовишта од луѓе што испливале на површината, повеќе од кога и да било, токму во дваесеттиот век. Лебенсборн децата, депортациите и геноцидот над Евреите, логорите на смртта, есесовските одреди и историјата на Горица (Гориција) и тогашна Европа, литерарно, мајсторски и пластично се отсликуваат во Зоненшајн.
„...Повеќе од роман, ова е документ кој што треба да биде задолжителна лектира во средните училишта...“
Букбаг
„Моќно, вознемирувачко и оригинално“
Њујорк журнал
Даша Дрндиќ во нејзиниот најпознат роман – отворено, без криење, со исклучително вешто спојување на вистинските документи, фотографии, пописи, искази на сведоци низ времето и значајни приказни за потрагата по изгубеното дете, обелоденува дел од длабоко криената лична и национална историја.
Романот е добитник на бројни награди и признанија. Во 2007 година ја доби наградата Фран Галовиќ и наградата Киклоп за најдобро прозно дело на годината. Под насловот Трст во 2013 година, англиското издание ја доби наградата на Индепендент за најдобро дело од областа на белетристиката по изборот на читателите.
Даша Дрндиќ во 2014 година ја доби книжевната награда „Прозарт“ доделена од меѓународниот фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ за авторски придонес кон балканската книжевност.

Price: 600 ден 300 ден

4 in stock

Compare
Sold By БАТА ПРЕСС

Report an abuse for product Зоненшајн

Category:
SKU: 9786082530185

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Зоненшајн”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in