Зошто јас? Мојата борба со анксиозноста, стравовите и со паничните напади

Издавач: Арс ЛИБРИС | Јазик: Македонски | Година: 2019
Оригинален наслов: Зошто јас? Мојата борба со анксиозноста, стравовите и со паничните напади | Бр. на страни: 173 | Димензии: 21 | Корица: мека

„Зошто јас?“ е прашање што секој од нас си го поставил во одреден момент од животот. Во потрагата по одговорите се насетуваат два избора: тешките искуства за некого ќе бидат нешто што само ќе го преживее, а за некој друг - нешто што ќе го врати во живот. Да се напише оваа книга е да се допре душата на секој од нас, но и личен терапевтски процес. Ставањето на хартија на нашите искуства и доживувања е навистина лековито искуство. Моментот во кој тие ќе заиграат пред нашите очи и ќе ја прочитаме својата приказна е момент во кој сме си ја дозволиле ранливоста, сме го скротиле егото и сме ѝ дале светлина на внатрешната реалност. Тој момент е истовремено и моќен, бидејќи само од позиција на препознавање на својата вистина и љубов за себе можеме да го исцелиме она што боли. За сите вас кои сте ја запознале анксиозноста, ова четиво ќе ви биде вистински скапоцено, бидејќи ќе станете свесни дека не сте осамени во тоа искуство. Таа доаѓа во повеќе форми и може да зборува на различни јазици, но секогаш претставува покана за една поинаква средба со себеси.

Цена: 290 ден

7 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Зошто јас? Мојата борба со анксиозноста, стравовите и со паничните напади

Категории: ,
ИСБН: 978-608-259-710-2

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Зошто јас? Мојата борба со анксиозноста, стравовите и со паничните напади”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in