За нас


Нашите почетоци

Во областа на електронската продажба на книги, КупиКнига е водич во регионот и успешно функционира веќе 6 години.  Уште во самите почетоци направивме вистинска револуција во електронската продажба на книги, но воопшто и во е-трговијата во Македонија, бевме и останавме насочени кон желбите и потребите на нашите корисници и успешно го трасиравме патот за останатите.

КупиКнига денес

Почнувајќи со скромна понуда од неколку илјади изданија, денес, КупиКнига ги соединува сите издавачки куќи од Македонија и странство и брои над 54 000 наслови. Во нашата понуда можете да ги пронајдете најдобрите книги во областа на белетристиката, трилери, акции, популарна и практична психологија, романи, голем број на прирачници и речници, но не ги изоставивме ниту обожавателите на игри и сложувалки како и детски книги и боенки.

Нови можности за корисниците

Условите на пазарот постојано се менуваа, па така и КупиКнига се усовршуваше. Со цел да ги пресретнеме потребите на што поголем број корисници во нашата понуда вклучивме и набавка на стручни списанија и литература за државни и приватни институции во земјава и странство.

Задоволни потрошувачи

Со гордост објавуваме дека првата задача која си ја поставивме себе си е успешно остварена.Тоа е едноставен, брз, но пред сѐ пристапен начин преку кој сите љубители на пишаниот збор ќе можат да дојдат до книгата што ја сакаат. Загарантирана е приватноста и сигурноста на вашите лични податоци, како и заштитата на вашата сметка.

Читајте ги вашите омилени книги со уживање, вашето задоволство е наша мотивација да работиме уште подобро и посветено во иднина.

Поддржани од

Позади KupiKniga.mk стои тимот на iVote доо. Скопје. „иВоте“ е брзо растечка ИТ компанија која е специјализирана за развој на високо адаптивни флексибилни и лесно надградливи софтверски решенија.
Компанијата нуди решенија за автоматизација на бизнис процеси, изработка на специјализирани веб портали и напредни веб апликации, системи за далечинско учење, електронски тестови и анкети.
Исто така, „иВоте“ е регионален лидер во имплементација на софтвер за спроведување на избори, регистрација на гласачи и управување со избирачкиот список за државните изборни комисии.